fbpx
ВестиВиноТоп вести

Владата одлучи дополнителна субвенција од два денари за килограм грозје

Владата ќе субвенционира по два денари за предаден килограм грозје.  Ова го соопшти  на денешната прес конференција претседателот на Регионалното здружение  „Напредни лозари“ од Кавадарци Трајче Кулев.

„Не сме задоволни од винариите. Во вакви услови тоа е максималната помош од Владата. Ние сме политички неопределени и целта ни е лозарството да го подигнеме на повисоко ниво, оти вака како што ене е за никаде, изјави  претседателот Кулев за Зелена берза. Владата одлучи да даде два денари, а винариите тоа го користат“, додава Кулев.

Оваа сезона лозарите заради сушата се соочија со помал род. Се очекува да бидат собрани околу 70 милиони кг грозје.

Лозарите велат дека не се откажуваат од нивната цел и ќе се борат да се направат измени во Законот за грозје. Тие бараат сличен закон како оној на тутунарите. Сметаат дека мора да се постигне договор меѓу лозарите и винариите, за оваа дејност да оди по нагорна линија и во интерес на сите.

П.Јовановска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close