Во Бугарија промовиран дрон кој прска земјоделски површини

 

 

На саем во Добрич, Бугарија, беше демонстрирано управување на дрон кој прска земјоделски површини и насади и истиот чини 15.000 евра.

Промоцијата беше спроведена на меѓународната изложба „Селското стопанство и се за него“ органиизрано од саемот во Добрич кој за земјоделците ќе трае до 31 август.

Беспилотоното летало е од поголем размер и истиот вклучува батерии и резервоар, кој може да се полни со препарати за третирање на билките.

Носивоста му е до осум литри, а батериите во текот на еден лет траат до десет минути пред одново да се наполнат. За тоа време дронот може да обработи површина и до седум декари, а за цел ден може да помине 260 декари.

Во цената е вклучено осигурување и курс за обука.

faktor.mk

 

 

 

Share Button