Вино

Во каква чаша се служат различни видови вино?

Љубители на виното или вистински познавачи? Не е важно во која категорија спаѓате, сè додека ги знаете барем основните информации и правила за консумација на вино.

case

 

Сервирањето на виното се врши во вински чаши. Во основа постојат 4 типа вински чаши, и тоа за црвено, бело, пенливо и десертно вино. Винската чаша мора да биде од чисто и тенко стакло, без гравури. Висината на држачот е различна и со неа се одредува колку топлина виното ќе преземе од раката. Чашата мора да е со поголем волумен, така на пример, ако во чашата налеваме 150 мл вино, нејзиниот волумен треба да е барем 300 мл , за да можеме  да го вртиме виното. Процесот на вртење на виното овозможува испарување на аромите од виното, обликот на чашата е тој што ги задржува во чашата.

casavino

Чашите за бело вино се во облик на лале. Имаат подолг држач за да се избегне затоплување на виното. По волумен се помали, затоа што нема потреба од воздух при вртењето на виното.

505wiegandgruppe

Чашите за црно вино, исто така имаат облик на лале, но тие се малку позаоблени и со поголем волумен. За постарите вина се користат поголеми чаши.

hitportal-crno-vino

Чашите за десертни вина се мали поради тоа што овие вина се со поголем процент на алкохол, и потесни на врвот за да се зачуваат аромите од виното.

49

Чашите за пенливи вина се со трубест облик за да може полесно да се ослободуваат меурчињата од СО2.

59

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close