fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Во последен момент спасени од труење 18 белоглави мршојадци во Мариово

Од Македонското еколошко друштво известуваат дека минатата недела добиле дојава дека во село Витолиште во Прилепско Мариово се случило масовно труење на кучиња и дека можеби отровот е сѐ уште таму и потенцијално претставува опасност за луѓето но и дивиот свет.

Од Македонското еколошко друштво известуваат дека минатата недела добиле дојава дека во село Витолиште во Прилепско Мариово се случило масовно труење на кучиња и дека можеби отровот е сѐ уште таму и потенцијално претставува опасност за луѓето но и дивиот свет.

Оттаму истакнуваат дека веднаш биле известени  надлежните органи, по што започнала координација за спроведување истрага за овој настан како и безбедно отстранување на кучињата

Но рутинската контрола набрзо прераснала во итен случај, бидејќи биле забележани два белоглави мршојадци опремени со GPS предаватели кои МЕД постојано ги следи во рамки на проектот BalkanDetox Life, токму во околината на Витолиште, блиску до расфрлениот отров.

„Имајќи на ум дека белоглавите мршојадци се социјални птици кои речиси постојано летаат во јато, знаевме дека реалната бројка е многу поголема од две. Доколку овие птици стигнеа до отруените животни можевме да се соочиме со комплетно истребување на овие птици од нашата држава“, велат од МЕД.

Оттаму нагласуваат дека наишле на разбирање од страна на локалната гранична полиција која била известена за катастрофата кој можело да се случи, па веднаш била испратена екипа на локацијата каде што белоглавите мршојадци се слетани со цел да ги избркаат пред да почнат да јадат од телата на отруените животни.

По половина час, стасал првиот повик од екипите на терен дека дури 18 птици се разбркани, а отруените кучиња се безбедни.

Истиот ден на лице место пристигнала и екипа од МЕД со цел да го обезбеди местото од понатамошни труења.

„Незаконското користење отров и понатаму претставува најголемата закана за опстанокот на мршојадците не само во Северна Македонија туку и на целиот Балкански Полуостров. Проценката е дека во последните 20 години на Балканот имаат настрадано околу 2300 мршојадци додека кај нас оваа пракса има доведено до целосно истребување на црниот и брадестиот мршојадец, а ги има доведено египетскиот и белоглавиот мршојадец на само неколку гнездечки пара“, објаснуваат од МЕД.

На последното пребројување биле изброени 24 белоглави мршојадци во Македонија што значи дека доколку се случело труењето нивната популација ќе била функционално уништена.

Следниот ден со поддршка од Општина Прилеп, на терен излегла увидна екипа од МВР како и комунален инспектор со цел да спроведе истрага за настанот како и соодветни мерки за расчистување на случајот.

Направена била и обиколка на теренот, но не биле најдени отруени диви животни. За настанот е известен и јавен обвинител.https://www.radiomof.mk/vo-posleden-moment-spaseni-od-truenje-18-beloglavi-mrshojadci-vo-mariovo/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close