fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Во тек е депопулизација на свињи во Карбинско-штипскиот регион поради африканската чума 24/09/2022 14:44

Вирусот е отпорен, но болеста не влијае на здравјето на граѓаните.

Овој викенд започна  депопулизацијата и еутанизацијата на свињи во Карбинско-штипскиот регион поради болеста африканска чума. Од појавата на првиот случај во земјава, досега се депопулизирани и еутанизирани 3102 животни, а се очекува, со оглед на бројноста на одгледувалишта во овој регион, бројката да се дуплира.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски во Штип нагласи дека Агенцијата постапува во рамки на законоските одредби и Правилникот за мерки за искоренување на африканската чума кај свињите.

Тој посочи дека во изминатиот период се донесени повеќе решенија во зависност од тоа како се јавуваат одредени жаришта на африканска чума.

– Во радиус од три километри од жариштето се врши депопулација со еутаназија на сите одгледувалишта коишто не применуваат или имаат ниски биосигурносни мерки.  Оние коишто имаат високи биосигурносни мерки, нивните свињи одат во кланица со која Агенцијата има потпишано договор и месото понатаму се носи на преработка со одреден технолошки процес.  Во радиус од 10 километри се врши депопулација меѓутоа без еутаназија, туку со економско искористување на животните, појасни Бабовски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close