fbpx
Вести

Во Зрновци се градат млекарница и мелница за жито

Продадени се пет од планираните осум парцели во урбанизираната зона за мало стопанство во општина Зрновци. На две од нив веќе се градат индустриски капацитети, едниот наменет за мелница за жито и за откуп на житни култури, а вториот за млекарница.

vo zrnovci se gradat mlekarnica i melnica za zhito

 

Индустриската зона е со решена комунална инфраструктура, зафаќа два хектара и е предвидена со урбанистичкиот план на Општина Зрновци, лоцирана на патот Зрновци – Мородвис. Од расположливите осум плаца зацртани во неа, за продажба остануваат уште три за кои има интерес од стопанственици од Кочани, изјави градоначалникот Блаже Станков.

Објектот наменет за млекарница е во завршна фаза. Останува уште монтирањето на опремата.

На останатите три продадени парцели изградбата на објектите се очекува да почне деновиве.

Во близина на оваа зона се урбанизирани уште седум градежни парцели кои се во приватна сопственост, а се наменети за лесна индустрија.

Општината работи и на проектот „Купи куќа за млади“, со кој се обезбедени 110 плаца за градба. Според Станков, во населеното место Зрновци урбанизирани се 30 парцели во месноста наречена Жикова Меѓа, во населеното место Мородвис 60 парцели, во местото наречено Овоштарник и во населеното место Видовиште 20 парцели во месностите наречени Бањиште и Оризни Гумна.

Станков информира и за изработката на урбанистичка планска документација за населените места Зрновци, Мородвис и Видовиште, проект на Општината Зрновци добиен преку Источниот плански регион и подржан од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close