fbpx
ВестиМакедонија

Во Свети Николе инвестиција од 1,5 милиони евра во производство на зелена енергија

Процедурата за старт на градбата е компаниите да добијат дозвола за градење и долгорочен договор за градежно земјиште, овој договор е обврска на Владата.

Осумте фирми, кои добија земјиште под закуп за поставување на фотволтаични централи со капацитет од 25 мегавати електрична енергија, кај светиниколското село Амзабегово се спремни да почнат со градба и поставување во јуни, а целата постапка би траела еден месец, информира за МИА градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски.

Тој посочи дека тоа било кажано на вчерашната средба, на којашто присуствувале и претставници од неколку министерства.

-Процедурата за старт на градбата е компаниите да добијат дозвола за градење и долгорочен договор за градежно земјиште, овој договор е обврска на Владата, а дозволите за градење до еден мегават ги дава општината, додека за тие што имаат над еден мегават дозволите ги обезбедува Министерството за транспорт и врски. Станува збор за земјиште од 50 хектари, изјави Велковски.

Тој очекува оваа инвестиција вредна околу 1.500.000 евра да донесе и околу 20 зелени вработувања, одноно луѓе кои ќе се грижат за одржување на централите и нивно обезбедување.

Во моментов се работи и на планска документација од страна на општината за дополнители 50 хектари за фотоволтаични централи на неколку локации во Општина Свети Николе. Велковски вели дека со овие инвестиции Општина Свети Николе ќе биде со најголеми инвестиции во државата во производство на зелена енергија.https://kanal5.com.mk/vo-sveti-nikole-investicija-od-1-5-milioni-evra-vo-juni-vo-proizvodstvo-na-zelena-energija/a461528

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close