fbpx
ВестиТоп вести

Министерот Димковски во теренски проверки за мерките против свинската чума

 

Министерот за земјоделство Трајан Димковски во посета на штипските локални власти и ветеринарните станици во увив на спроведувањето на превентивните мерки за намалување на ризикот од појавата на африканската свинска чума.

-Би сакал да нагласам дека сите превентивни мерки што ги преземаме се за намалување на ризикот од африканска свинска чума, со градоначалникот Бочварски и со ветеринарната станица тука во Штип ги разгледавме сите мерки кои ги преземавме ние како министерство, затоа што секако, први кои би се соочиле со оваа болест се ветеринарните амбуланти и локалната самоуправа. Министерството за земјоделство веќе ја подготви програмата со која од 1 Септември до 15 Октомври сточарите кои не ги исполнуваат биосигурносните мерки ќе добијат парична сума од 3 илјади денари по глава, изјави министерот Димковски. Градоначалникот на Штип, Бочварски посочи дека се спроведуваат интензивни контроли за движење на домашните свињи надвор од фармите, на дивите одгледувалишта како и на депонијата.

-Општина Штип е во комуникација со Владата, постапуваме соодветно преку нашите служби и работиме на се што установивме како проблем на нашата депонија и на диви одгледувалишта на свињи. Општина Штип аплицираше, како и другите општини, за оваа депонија да биде современа со што ќе се сведат на минимум можности за појава на болеста африканска свинска чума , изјави Бочварски.

Според преземените мерки предвидени се поволности за сите оние кои имаат мали семејни фарми а кои не ги исполнуваат биосигорносните мерки или да ги воспостават на фармата или да ги заколат свињите за да се намали ризикот. Ако се одлучат да ги заколат свињите освен што добиваат по 50 евра од грло субвенција од државата имаат и две опции откако сињите ќе ги однесат на колење во кланица. Првата опција е да си го земат месото за сопствени потреби и во тој случај го остваруваат само правото на субвенција од 50 евра со бесплатна услуга колење а втората опција која им стои на располагање е во случај да имаат повеќе свињи од кои не им треба месото, тогаш кланиците кои имаат склучено договор со агенцијата за храна и ветеринарство се должни да им го откупат местото по новите цени кои се утврдија. Тоа значи дека за свиња од 80 до 120 килограми што е најзнајна категорија ќе добијат по 100 денари за килограм што според фармерите е коректна цена која нема да им прави загуби особено ако се знае фактот што само пред два месеци откупната цена на кланиците токму за оваа категорија на свињи беше 70 денари. Исплатата на парите мора да се изврши во рок од пет дена . Исто така утврдено е дека прасињата до 25 килограми ќе се откупуваат по цена од 170 денари за килограм а за маторици ќе се исплаќаат по 24 илјади денари за грло и дополнително 50 евра за субвенција.

-Овој правилник кој се донесе од  агенцијата за храна и ветеринарство сметаме дека е многу добар и ќе помогне да се намали бројот на свињи по фармите кои немаат биосигурносни мерки но од друга страна нема никаква пречка секој што сака да продолжи да огледува свињи тоа да го прави со спроведување на овие потребни заштитни мерки кои не се некоја голема инвестиција и не се тешки за проведување, оцени  Ефтим Шаклев претседателот на здружението на одгледувачи на свињи-Гицко.

 

З.Б.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close