fbpx
ВестиМакедонија

Заев: И покрај пандемијата, во 2020 имавме најголем поврат на ДДВ кон стопанството

Во статусот, Заев наведува дека во стопанството по основ на поврат на ДДВ кон фирмите се слеани 397,4 милиони евра.

Во 2020 година и покрај пандемијата, имаме најголем поврат на ДДВ како процент од бруто наплатениот данок во споредба со изминатите години, додека исплатата се одвиваше редовно и без застои, напиша денеска премиерот Зоран Заев на „Фејсбук“.

Редовниот и навремен поврат на ДДВ кон претпријатијата е од големо значење за ликвидноста во стопанството, особено во време на криза кога пристапот до средства е ограничен.
397,4 милиони евра се слеваат во македонското стопанство по основ на поврат на ДДВ кон фирмите.
Во 2020 година и покрај пандемијата, имаме најголем поврат на ДДВ како процент од бруто наплатениот данок во споредба со изминатите години, додека исплатата се одвиваше редовно и без застои, пишува премиерот.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close