fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Гасификација на Македонија – дали е веќе доцна?

Во светот природниот гас се исфрлува од употреба, а во РМ на големо градиме гасоводи низ целата територија на државата. А за изградба на дистрибутивни мрежи на гас „абер немаме“. А кога ќе изградиме, веројатно ЕУ ќе бара од нас да ги спроведуваме нивните мерки за постепено исфрлање на гасот од употреба.

 

Пишува Ристо Цоцонков

Во земјава постои погрешна перцепција дека природниот гас е еколошко гориво. Тоа припаѓа во групата на фосилни горива (јаглен, нафта и гас) така што при нивно согорување се ослободува јаглерод-диоксид (СО2) кој е главен причинител на глобалното затоплување, т.е. климатските промени, пренесува Плус Инфо https://plusinfo.mk/

Денес во Република Македонија (РМ) природен гас пристигнува преку еден гасовод од Бугарија преку граничниот премин Деве Баир. Изграден е магистрален гасовод до Скопје во должина од 98 километри кој поминува покрај Крива Паланка и Куманово. Истиот е пуштен во употреба во 1998 година и тоа само до големи потрошувачи главно во и околу Скопје. Долги години гасоводот беше користен со 10 до 15% од номиналниот капацитет бидејќи не беше изградена дистрибутивна мрежа до потенцијалните потрошувачи. Тоа сигурно се одразува(ше) на цената на гасот и на рентабилноста на гасоводниот систем. Искористеноста на гасоводот порасна до околу 40% по изградбата на „Те-То“, што значи сè уште е доста под номиналниот капацитет.

Деновиве беше објавена информација на Државниот завод за ревизија (ДЗР) со наслов „Бавната гасификација – со негативно влијание на енергетската транзиција“. Во неа се кажува дека ДЗР има извршено ревизија на тема „Развој на системот за гасификација во РМ“, во државната компанија АД Номагас.

Во 2016 година почната е изградба на дополнителни гасоводи за гасификацијата на целата територија на РМ. Со ревизијата е утврдено дека изградбата на истите се одвива со бавна динамика и постојат отстапувања во однос на планираната временска рамка, местоположбата на гасоводите, како и планираните финансиски средства за изградба. Најголем дел од нив, иако се изградени, сè уште не се ставени во употреба. За ваквата состојба се наведуваат следниве причини: бавно решавање на предметите за експропријација, слабости во следењето на реализацијата и надзорот над изградбата на магистралните гасоводи, како и во начинот на одржување на гасоводната мрежа.

Понатаму ревизорите утврдиле постоење на залихи на материјали и резервни делови, со вкупна вредност од приближно 1,6 милиони евра, кои не се користат, со што се доведува во прашање потребата од нивна набавка како и можноста истите да бидат застарени и неупотребливи. Заради недоволна координација со надлежните служби на Град Скопје, не е завршен гасоводниот прстен околу градот. За надминување на констатираните состојби дадени се препораки со цел преземање на мерки и активности за отстранување на слабостите и за развој на гасификацијата на државата.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close