fbpx
ВестиТоп вести

Австрискиот Парламент го забрани хербицидот глифосат

 

Австрија ќе биде првата и единствена држава од Европската унија што забранува употреба на хербицидот глифосат за кој се соменеваат дека предизвикува рак.

Останатите држави од ЕУ воведоа делумни забрани за глифосатот што го разви компанијата Монсанто, сега во сопственост на германската Баер.

 

Франција наместо забрана го прогласи за бескорисен во земјоделското производство.

– Научните докази за канцерогеноста се се подостапни и повидливи. Затоа се одлучивме на целосна забрана за глифосати, изјави Памела Ренди Вагнер лидер на австриските социјал-демократи.

Глифосат е хемиски препарат развиен во американската компанија Монсанто и на пазарот пласиран како Roundup. Тој препарат сега е широко распространет во светот и го произведуваат сите други хемиски компании меѓу кои и германски Баер.

Загриженоста за штетноста на глифосатот што се користи за уништување коров, се појави во 2015 година кога СЗО објави дека е канцероген.

Извор: Либертас

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close