fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Николовски: Соработката со Азербејџан ја зајакнуваме, пренесувајќи го нашето искуството во успешно спроведување на процесот за консолидацијата на земјоделското земјиште

Бевме визионери, и уште во 2017 година знаевме дека консолидацијата е од суштинско значење за македонското земјоделство.

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, имаше чест да ја предводи македонската делегација и биде домаќин на делегацијата од Република Азербејџан предводена од Шахмар Мовсумов, помошник на претседателот на Република Азербејџан и раководител на Одделот за економски прашања и иновативна развојна политика на Претседателската администрација и министерот за земјоделство на Република Азербејџан, Мајнун Мамедов.

Пред високата државна делегација на Република Азербејџан која овие денови е во официјална посета на Република Северна Македонија, претставници на министерството и ФАО, пред делегацијата од Азербејџан, ќе го споделат позитивното искуство на нашата држава во спроведувањето на процесот за консолидација на земјоделското земјиште.

Во рамки на билатералната средба министерот Николовски изрази задоволство и подготвеност Северна Македонија да го сподели своето позитивно искуство, помагајќи на  Азербејџан успешно да го започне и спроведе процесот на консолидација.

Бевме визионери, и уште во 2017 година знаевме дека консолидацијата е од суштинско значење за македонското земјоделство. Бевме свесни дека станува збор за многу сложен процес, но токму тоа беше и нашиот предизвик. Денес можеме да кажеме дека вредеше и дека успеавме. Ние денес зборуваме за подготвени планови за консолидација на земјиштето во 9 подрачја: Конче, Егри, Логоварди, Оптичари, Трн, Дабјани, Кожле, Соколарци и Спанчево. Со гордост можеме да кажеме дека Конче е нашиот прв завршен проект уште во 2019 година. Егри е вториот завршен во 2021 година со целосно изградена земјоделска инфраструктура“, истакна на средбата министерот Николовски.

Република Северна Македонија е земја лидер во реализирањето на процесот за консолидација, проект кој е започнат уште во 2017 година кога заедно со поддршка на Европската Унија и ФАО започна спроведувањето на проектот  МАИНЛАНД во вредност од 2.8 милиони евра.

 Бенефитите за земјоделците се многукратни од еден успешно завршен процес на консолидација. Расцепканото земјоделско змјиште се окрупнува, се градат нови пристапни патишта до нивите и се обезбедува наводнување за секоја земјоделска површина.

 Во рамки на средбата двајцата министри потпишаа меморандум за разбирање помеѓу двете држави со цел зајакнување на меѓусебната соработка во областа на земјоделството во делот на процеост за консолидација, потоа одржливиот развој на руралните средини, безбедност на храна и меѓусебна трговија со земјоделски производи.

 На средбата се разговараше за извоз на убавото македонско јаболко во Азербејџан, како и извоз на други наши производи од преработувачката индустрија.

Во рамки на посетата двете делегации ќе остварат теренска посета на успешниот проект за консолидација на земјоделското земјиште во Егри, како и посета на компанијата Деалтаск Фреш во Ресен, компанија која на своите овошни насади произведува јаболки, но и складира и извезува македонски јабола.

 Министерот Николовски упати благодарност до неговиот колега министерот за земјоделство на Азербејџан Мамедов и помошникот на претседателот на Република Азербејџан и раководител на Одделот за економски прашања и иновативна развојна политика на Претседателската администрација Мовсумов, за честа да ја посетат Северна Македонија и можноста за унапредување на нашите односи и економската соработка помеѓу двете држави.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close