fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Заев и Хоџа најавуваат решавање на заостанатите предмети за обештетување од штети предизвикани од временски непогоди

ВАЖНО- За земјоделците кои не се обештетени од штети предизвикани од временски непогоди

Во периодот од 2016-2019 година, во 24 општини беше предизвикана штета од временски непогоди, при што 9017 лица имаа материјални загуби од мраз, град и поплави, кои нанесоа сериозна штета на земјоделското производство.
Со силни заложби, на министерот Хоџа, на премиерот Заев и на МЗШВ, за решавање на заостанатите предмети за обештетување од штети предизвикани од временски непогоди, предложивме измена во Законот за штети и спасување, која беше усвоена на последната собраниска седница. Со тоа, овозможивме, сите предмети за обештетување уште од 2016 година, да ја продолжат постапката. Согласно измената на законот, Министерството изготви збирен извештај кој го достави до Републичката комисија за проценка на штети, која во најскоро време ќе и достави на Владата предлог за обештетување.
Решивме уште едно големо прашање кое четири години немаше разрешница, до сега.
Го реализираме она што го ветивме уште на почетокот. Земјоделците целосно ја имаат поддршката на министерот Хоџа за решавање на сите предизвици.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close