fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Сточари од Топлица – Поради пцовисани и загубени овци ни кратат субвенции

Гостиварска Топлица е село каде по традиција во минатото и денес има најголем број сточари и овци, споредбено со останатите села од Полошкиот регион.

Гостиварска Топлица е село каде по традиција во минатото и денес има најголем број сточари и овци, споредбено со останатите села од Полошкиот регион. Моментално во ова населено место има околу 6.000 овци, но како што тргнала работата велат сточарите, и тука ќе не снајде истата судбина како по другите села, да останеме да чуваме едвај стотина овци, што се вели колку за себе.

Сточарот Џеват Реџепи вели дека сточарите постојано се на удар од разни контроли и инспекции, поради кои ги губат субвенциите, а без нив тешко може да опстане оваа дејност. Само годинава вели за 5 сточари од селото донесена е забрана да не земаат субвенции во наредните три години, оти овците не им биле на број.

-Ние се занимаваме со сточарство подолго  време, ние се трудиме ова да опстане, знаете какви проблеми имаме, државата малку повеќе треба да ни помогне, затоа што во оваа штала имаме 700 овци и сега овде имало контрола и поради грешки, технички грешки, односно недостасувале околу 50 овци и скратени се субвенциите, за тука за ова стадо. Сега кој ќе ги рани останатите овци без помош, односно без субвенциите.  Пописот на овците е направен во мај, а во октомври направиле контрола и ви велат дека недостасуваат овци, па нормално ќе недостасуваат, има пцовисано овци, има волци на Шара и со нив имаме мака, па потоа се губат таму во планината, нормално дека нема да бидат овците сите на број. Сега сточарите без субвенции, како ќе опстанат во наредните 3 години. Нормално тие овците ќе ги колат за курбан и без овци ќе останеме. И ќе отидат и сточарите во Германија?- па ќе отидат нормално. Затоа апелирам да се поправат грешките, инаку тешко оваа дејност да опстане, вели сточарот Џеват Реџепи.

Во време на поскапување на цените, и сточарите се на многу голем удар. Храната за стоката е многу покачена, без субвенции кои и онака се ниски и со екстремно висока цена за храна тешко ни се пишува, велат тие.

-Затоа апелирам Владата да не поддржува, да ни даваат грантови, зелена нафта и субвенциите да ни ги покачат, за да опстанеме. Никој веќе не сака да се занимава со ова, особено младите. Мојот  син ми замина во странство, нема и работна сила. Најлоша работа е оваа, на дожд и снег и пак наоѓаат некои грешки. Субвенциите треба да растат. На пример една овца за една зима јаде 200 килограми зоб, а зобот се поскапува и не се исплаќа да работиш, како парите ги земаме така ги даваме А не дај боже да немаме стока, затоа што не знам во светот дали има некоја фабрика што произведува месо, за обработка има, ама за да произведе не, или млеко, се тоа го прави стоката како што дал Господ. Затоа државата треба да се ангажира повеќе за земјоделците и за сточарите, вели сточарот Реџепи.

Во времето на поранешна Југославија во Македонија имало овци колку и жители – 2 милиони. Сега оваа бројка од година во година се намалува. Проценките се дека има едвај 500.000, од кои 100.000 во Полошкиот регион, а нив  поголемиот број се во гостиварска Топлица, каде поради проблемите сточарите и таму полека се откажуваат.

Зоран Димоски за Зелена берза

Слични написи

Back to top button
Close