fbpx
ВестиМакедонија

Сончево со мала облачност и ветер

Минималните температури ќе се движат од минус еден до осум степени, а максималните од 14 до 23 степени.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во повисоките места повремено засилен ветер претежно од североисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од минус два до шест степени, а максималната од 13 до 21 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до три, а максималната ќе достигне до 18 степени. Од УХМР информираат дека ќе се задржи стабилно и релативно топло време, а од петок следува период на променливо облачно време со повремен локален дожд со променлив интензитет. На места врнежите ќе бидат проследени со појава на грмежи. В недела се очекува опаѓање на дневните температури. Минималните температури ќе се движат од минус еден до осум степени, а максималните од 14 до 23 степени.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close