Завршна конференција за проектот за јакнење на Платежната агенција

(Oвој напис е објавен на: October 10, 2017)

Завршна конференција за твининг проектот „Понатамошно зајакнување на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за програмскиот период 2014-2020“ ќе се одржи денеска во Скопје.

Конференцијата ја организираат Делегацијата на Европската унија во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и Агенцијата за претприемништво на Холандија (НЕА).

Ќе ја отвори министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, а обраќања ќе имаат и амбасадорот на Република Словенија, Милан Јазбец, Вирве Вимпари од Делегацијата на ЕУ, Андри Ван Менс од амбасадата на Кралството Холандија и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски.

Проектот „Понатамошно зајакнување на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за програмскиот период 2014-2020“ е финансиран од Европската унија.

Share Button