fbpx
ВестиЕкологијаТоп вести

ЕУ целосно ќе ја забрани пластиката за еднократна употреба до 2021 година

Европското законодавство ја изгласа целосната забрана на 10 пластични производи за еднократна употреба, вклучувајќи ги пластичните сламки, пластичниот прибор за јадење, пластичните стапчиња за мешање кафе итн. Ова се надоврзува на посветеноста на европските влади на решавање на глобалниот проблем со пластичниот отпад.

„Европа мора да се соочи со фактот дека не можеме товарот да го предадеме на некој друг. Ако не реагираме сгеа, ако не бидеме брзи, ќе имаме повеќе пластика во океаните отколку риби“, велат од Европската комисија.

Ова не е последниот чекор на патот до забрана на пластиката во ЕУ. Земјите членки на ЕУ треба да ја одобрат оваа забрана и според Reuters, некои од земјите веќе се изјасниле дека целосната забрана на еднократната пластика ќе биде премногу тешка за имплементација. Но, тоа не значи дека е невозможна.

Целта на ЕУ е забраната да стапи на сила во 2021 година, па нациите имаат време за да ја испланираат транзицијата. Освен тоа, секој од производите кои се на листата веќе имаат готова алтернатива, па ЕУ не бара од луѓето воопшто да не користат такви производи, туку да користат еколошки верзии кои нема да го убијат живиот свет, нема да ја уништат нашата животна средина и да ги загадат и нашите тела.

Извор: Иновативност.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close