fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Кромидот почна многу да лути – го купуваш и плачеш!

Еден килограм се продава за 70 до 90 денари.

Граѓаните последниве денови се шокирани од високите цени на кромидот на зелените пазари и во маркетите. Еден килограм се продава за 70 до 90 денари. Оние што секојдневно пазарат и ги знаат цените во маркетите, велат дека само пред две недели го купувале кромидот по 40 денари за килограм. Што значи дека за две недели, цената на овој зеленчук, кој е неизоставен дел од речиси секој ручек, се качила за 100 отсто.

Последниве денови, граѓаните забележуваат дека има драстичен скок на цените и на другиот зеленчук, а особено на раноградинарските култури.

Но, не само во супермаркетите туку и на зелените пазари, каде што вообичаено цените на зеленчукот се пониски и каде што кромидот, исто така, се продава по цена за 70 до 90 денари за килограм. Слична е ситуацијата и во другите градови во државата. И таму, на пазарите, кромидот се продава од 70 денари, па нагоре, во зависност од големината и од сортата.

Ги прашавме земјоделците која е причината за големиот скок на цената на кромидот, а тие со одговор дека ова е резултат на лошата аграрна политика на државата.

– Немаме домашно производство и затоа цената е висока. Кромидот што моментално се продава на пазарите е увозен, претежно од Србија. Кај нас, најмногу се произведува кромид во Кичево и во Кавадарци, но и таму го нема на нивите. Кромидот станал реткост во земјава, а наскоро ќе се случи тоа со гравот и со другите производи. Ова е резултат на погубната аграрна политика што ја води државата во последните 20 години – вели еден земјоделец за весникот ВЕЧЕР.

Според него, земјоделците веќе немаат „есап“ да го произведуваат поради високите трошоци за производство, а трговците што го увезуваат, одат со висока маржа. Така, на пример, ако набавната цена е 40 денари, маржата е 30-40 денари.

Еден од продавачите на тезга на зелените пазари вели дека цената е зголемена од причина што нема доволно домашно производство. Пазарџиите, исто така, коментираат дека кромидот го нема никаде и не може да се набави ни од увоз, затоа е толку скап. Тие не ја исклучуваат можноста неговата цена да продолжи да расте во наредните денови.

Граѓаните се изненадени од толку високата цена и велат дека почнале да купуваат само по неколку главици. Цената на црвениот кромид во некои маркети достигна и до 90 денари за килограм.https://www.vecer.press/

– Отидов во маркет и требаше да купам кромид. Кога видов дека е 85 денари килограм, се шокирав. Ја прашав продавачката да не е некоја грешка, а таа ми рече да тоа е цената, ако сакате поевтин, купете си млад, кој е 20 денари китка. Го оставив кромидот и не го купив – објаснува една купувачка.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close