вести

Земјоделците не го осигуруваат родот

Само шест проценти од над 192 илјади индивидуални земјоделски стопанства во Македонија се осигурени во изминатата година. Осигурителните компании нудат полиси за осигурување на имотот, родот, добитокот. Но, интересот на земјоделците сеуште е минимален во споредба со развиените земји, иако државата субвенционира 60 проценти од осигурителната полиса.

zemjodelcite ne go osiguruvaat rodot

 

Осигурувањето е најефикасен и најисплатлив начин за компензирање на штетите во земјоделството, велат од Агенцијата за супервизија во осигурувањето. Климатските промени имаат директно влијание на родот и квалитетот во земјоделското производство. Изминатата година бројот на продадени полиси е зголемен за 63 проценти, но сеуште е далеку од европскиот просек.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close