fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Земјоделците бараат помош за набавка на поевтини репроматеријали

ВИДЕО-Државата да најде начин како да се обезбедат репроматеријали по пониски цени, бараат од Синдикатот на земјоделски производители од струмичко.

Државата да најде начин како да се обезбедат репроматеријали по пониски цени, бараат од Синдикатот на земјоделски производители од струмичко. Во спротивно,  високите производствени трошоци кои годинава се зголемиле и за 100% можело да бидат причина за дополнително намалување и на површините и на  производството. Свесни се  за економската  и енергетска криза, но велат дека земјоделскиот сектор е една од најзначајните економски гранки во државата и затоа е неопходна поголема помош.

Со сличен став се и од здружението Кукла градинар од Куклиш. Не го негираат фактот дека добиваат зелена нафта и субвенции за вештачки ѓубрива, но велат дека тоа не е доволно за стимулација и зголемување на површините.

За надминување на проблемите во секторот, но и мотивација за зголемување на производството на храна според претставниците на земјоделците неопходна е и поинтензивна комуникација помеѓу сите чинители кои се директно вклучени во овој синџир, од производители, преку државни институции до преработувачи.https://sitel.com.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close