Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Облачно со повремени локални врнежи претежно од снег

Во новата работна седмица времето ќе биде стабилно и многу студено. Утринските температури скоро секаде ќе бидат под нулата. Наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб, повремено умерен ветер од северен правец.

Голем дел од Македонија утрово осамна под снежна покривка. Снегот ќе вее и во текот на денешиот ден, а според предупредувањето од Управата за хидрометеоролошки работи, наместа се очекува во пообилни количини. УХМР за денеска издаде жолт метеоаларм за снежни врнежи за целата територија на Македонија.

Најголема снежна покривка утрово во 7 часот е измерена во Крушево, 27 сантиметри. Во Тетово има снежна покривка од 10 сантиметри, во Берово и во Битола  5 сантиметри, во Крива Паланка 4 сантиметри, а во Скопје 1 сантиметар.

 

Облачно со повремени локални врнежи претежно од снег, а во пониските места долж Повардарието од дожд и снег. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.

Можно е да е слика од мапа, облак и текст

Измерена температура во 7 часот

Можно е да е слика од нацрт и текст

 

Во новата работна седмица времето ќе биде стабилно и многу студено. Утринските температури скоро секаде ќе бидат под нулата. Наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб, повремено умерен ветер од северен правец.

Можно е да е слика од текст

Поврзани новости

Back to top button