Агро бизнисВестиТоп вести

Каракашев со реакција – Општ хаос во откупот на преостанатите количини на тутун

Крупнолисен тутун тип Вирџинија по откупна цена од 300 денари и ситнолисен ориентален тутун тип Прилеп по откупна цена од 400денари. 

СРАМЕН И ПОНИЖУВАЧКИ ОДНОС НА ОТКУПНИТЕ КОМПАНИИ ЗА ТУТУН, реакција на Националната земјоделска мрежа -претседател Ѓорги Каркашев.

Почитувани тутунари!

Како Национална земјоделска мрежа внимателно ја следиме состојбата со откупот на тутунот од реколтата 2025 година. За жал и покрај сите укажувања од наша и од страна на тутунарите, кај откупните компании се случува општ хаос во откупот на преостанатите количини на тутун.

Во отсуство на реакција од страна на Министерство за земјоделие како и Земјоделскиот државен инспекторат, а притоа грубо прекршувајќи ги сите законски обврски повеќето откупни компании буквално се изживуваат со макотрпниот труд на тутунарите.

ЈАВНО ПОВИКУВМЕ под итно надлежните: Министерството за земјоделие, Земјоделскиот инспекторат вклучително и Сојузот на земјоделски здруженија веднаш и безусловно да излезат на терен и да ги преземат сите законски надлежности, но и одговорности и да престане овој хаос и грубо изживување врз маката на тутунарите.

На откупните компании јасно и гласно им порачуваме дека со ваков манипулативен начин на откуп и изживување со тутунарите на добар пат се да се уништи оваа стопанска гранка која најмногу приход носи токму на нив и на државата, а најмалку на тутунарите.

Дека нивната монополска позиција и тоа како е разнишана, доказ се примерите од соседна Србија каде крупнолисен тутун од тип Вирџинија Јапонија Табако се откупува по цена од над 300 мкд.

Срамно и понижувачки е да се откупува ориентален ситнолисен тутун со највисок квалитет и докажан светски бренд по вакви понижувачки цени.

Националната земјоделска мрежа заедно со повеќе здруженија е во процес на подготовка на предлог инцијатива со конкретни предлози и решенија кои овие денови ќе ги достави до ресорното министерство за земјоделие на разгледување и усвојување.

Предлог мерки кои ќе бидат вклопени во новото законско решение за тутун со што во иднина ќе се спречат вакви и слични манипулации и злоупотреби од која и да било страна. Со истите сметаме дека еднаш за секогаш ќе се избегне можноста за манипулации од било кој субјект и ќе се втемели една сигурна и просперитетна иднина за тутунарите. На сликите е споделен крупнолисен тутун тип Вирџинија по откупна цена од 300 денари и ситнолисен ориентален тутун тип Прилеп по откупна цена од 400денари.

 

Поврзани новости

Може ќе ве интересира
Close
Back to top button