fbpx
ВестиТоп вести

ЗЕЗ Зелена берза и СОЗУ Кузман Шапкарев потпишаа меморандум за соработка

Со потпишување на меморандум за соработка,  ЗЕЗ Зелена берза и СОЗУ Кузман Шапкарев Битола ја официјализираа меѓусебната соработка од која во иднина ќе треба да произлезат заеднички активности кои ќе бидат од интерес на пошироката заедница. Предмет на меморандумот е долгорочна научна, техничка, образовна  и апликативна соработка меѓу двете страни.

„Иако постои релативно кус период сфативме дека Зелена берза е сериозен медиум. Се објавуваат сериозни вести кои се поврзани со земјоделската дејност кои не засегаат и нас, па оттаму сметавме дека треба да имаме заедничка соработка. Во рамки на наставните програми во нашето училиште и практичната настава што ја организираме во училиштето со цел оттука да излезат стручни кадри, редовно соработуваме и даваме совети на индивидуални земјоделци или земјоделски стопанства. Сметам дека со потпишувањето на овој меморандум за соработка со Зелена берза ќе можеме да се промовираме како сериозно училиште кое може да дава придонес во развојот на земјоделството во нашата држава, сеедно дали тоа ќе бидат советодавни или други активности што ќе ги реализираме во идниот период“, изјави Благојче Кривевски ВД директор на СОЗУ Кузман Шапкарев Битола.

Здружението за едукација на земјоделци Зелена берза Битола е отворена за соработка со сите. Нејзините активности се насочени кон поврзување на сите чинители  што се поврзани во земјоделската дејност со цел да се да се произведе повеќе и поквалитетно.

„Потпишувањето на денешниот меморандум за соработка само ја потврдува нашата заложба да дадеме свој придонес да стигнат информациите до оние за кои се наменети. Колку побрзо и полесно стигнеме не само до вистинските земјоделци туку и до сите останати релевантни фактори, толку ефектите ќе бидат поголеми и сите заеднички усилби ќе резултираат до зголемување на економскиот развој во државата“, изјави Валентина Соколовска претседател на ЗЕЗ Зелена берза Битола.

 

Павлина Јовановска

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close