Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Жител на Боговиње крадел земјоделски производи во село Градец, гостиварско
Производите се пронајдени и нешто подоцна му се вратени на 68-годишниот сопственик С.Х.
Завчера околу 22 часот и 45 минути, во гостиварски Градец, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 19-годишниот Ј.М. од тетовско Боговиње, кој претходно извршил кражба на земјоделски производи. Производите се пронајдени и нешто подоцна му се вратени на 68-годишниот сопственик С.Х. од ова село. По целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок.