„Жито Полог“ ќе склучи повеќе зделки со македонски компании

(Oвој напис е објавен на: February 9, 2017)

Собранието на акционери на „Жито Полог“ од Тетово на седницата закажана за 28.12.2015 година треба да усвои одлука за одобрување на голема зделка и зделка со заинтересирана страна, објави компанијата преку Македонската берза.

zhito polog kje skluchi povekje zdelki so makedonski kompanii

 

Се предлага акционерите да одобрат голема зделка и зделка со заинтересирана страна која се состои во купопродажба на пченица помeѓу Земјоделски комбинат „Пелагонија“ како продавач и „Жито Полог“ како купувач во вредност од 74.542.913 денари, како и одобрување на давање на аванс на ЗК Пелагонија АД – Битола за купопродажба на пченица во износ од 10.000.000 денари и одобрување на краткорочна денарска позајмица на ЗК „Пелагонија“ во износ од 5.000.000 денари или вкупна кумулативна вредност на меѓусебно поврзаните зделки во износ од 89.542.913,00 денари, која изнесува 17,87 % од сметководствената вредност на имотот на „Жито Полог“ АД- Тетово определена врз основа на последните ревидирани финансиски извештаи на друштвото.

Воедно се предлага одобрување на купопродажба на пченица помeѓу „Скопско Поле“ с.Петровец -Скопје како продавач и „Жито Полог“ АД Тетово како купувач во вредност од 6.761.137 денари, која вредност изнесува 1,34 % од сметководствената вредност на имотот на „Жито Полог“ АД- Тетово определена врз основа на последните ревидирани финансиски извештаи на друштвото.

Како и купопродажба на пченица помeѓу „Жито Битола“ ДООЕЛ Битола како продавач и „Жито Полог“ АД Тетово како купувач во вредност од 10.740.907 денари, која вредност изнесува 2,14 % од сметководствената вредност на имотот на „Жито Полог“ АД- Тетово определена врз основа на последните ревидирани финансиски извештаи на друштвото.

„Кумулативната вредност на меѓусебно поврзаните зделки од точки I, II и III на овој член е 107.044.957 денари која вредност изнесува 21,35% од сметководствената вредност на имотот на „Жито Полог“ АД- Тетово определена врз основа на последните ревидирани финансиски извештаи на друштвото со што се исполнети условите за голема зделка и зделка со заинтересирана страна согласно ЗТД“, соопшти компанијата.