Двор и градина

Знаете ли како најдобро се чуваат јаболката?

 

znaete li kako najdobro se chuvaat jabolkata

Јаболката се овошје кое можи долго да се чува. Плодовите треба да се берат со гранце, на суво време. Најдобро за чување е да се припремат сортите на плодови кои дозреваат во периодот есен- зима. При бербата плодовите не треба да се фрлаат, тркалаат, гмечат, да се оставаат на сонце или дожд.

За чување се одбираат здрави плодови без видливи знаци на оштетување или симптоми на заболување. Јаболката не е потребно да се мијат или бришат. Свежо собраните јаболка е најдобро две до три седмици да се остават на ладно место. Во текот на тој период плодовите со скриени оштетувања и заболувања ќе покажат знаци на пропаѓање па можат да се тргнат. Различните сорти потребно е да се раздвојат затоа што се разликуваат по мозжностите за чување. Јаболката кои можат да се чуваат пократок временски период, побрзо ќе покажат знаци на пропаѓање и ќе претставуваат избор на зараза за сортите кои можат да се чуваат подолг временски период.

Сортирање на јаболката спрема големината

Собраните јаболка се сортираат спрема големината на големи, средни и мали. Малите плодови се користат за преработка и од нив можи да се направи- џем, мармалад, сокови, компоти. За чување е најдобро да се одберат плодовите од средна големина. Големите плодови ослободуваат повеќе етилен што го заврзува процесот на ферментација.

Просторот во кој ќе ги чуваме јаболката треба да е чист, сув, дезинфициран. Оптималната температура за складирање на јаболка е до 4 степени, влажност на воздухот да се движи од 85 до 95 %. Ако влажноста на воздухот е ниска, ќе дојди до промана на плодовите, ја губат бојата. За различни сорти, оптималните вредности на температура и влажност се различни. Просторијата во која се чуваат јаболката треба да има добро проветрување заради насобирање на етилен.

На времето на чување влијаат неколку фактори-

– Сортата- летните сорти имаат пократок период на чување, додека зимските сорти можат да се чуваат подолго,

– Агротехниката,

– Времето на бербата- многу е важно да се одбере добар термин за берба. Плодовите при бербата треба да бидат со степен на зрелост кој е добар, не смеат да бидат ни зелени ни презрели,

– Манипулацијата со плодовите во текот на бербата до сместувањето на местото каде што ќе се чуваат,

– Условите на сместување.

Спрема времето на дозревање сортите на јаболка можат да бидат летни, есенски и зимски. летните сорти можат да се чуваат 15 до 20 дена, есенските еден до три месеци. Зимските сорти можат најдолго да се чуваат, три до осум месеци. Плодовите на јаболката содржат околу 85 проценти на вода и заради тоа се подложни на собирање ( доаѓа до сушење на плодовите), напади на патогени и штеточонки, појава на физиолошки заболувања и механички оштетувања.

На можностите на чување влијае и начинот на ѓубрење за време на вегетацијата. Вишокот на азот доведува до слабеење на механичките својства на плодот. Плодовите се подложни на трулење. На квалитетот на плодовите влијаат и други елементи- калциум, калиум, фосфор. недостатокот или вишокот на овие елементи можи да доведи до промени на плодот во текот на цувањето и понатамошно пропаѓање.

Плодовите собрани од помлади стебла се поподложни на пропаѓање и пократко се чуваат. за чување се најпогодни плодовите од зрели стебла и тоа оние собрани од надворешната страна на крошната кои добиле повеќе сончева светлина. Во текот на периодот на дозревање не е потребно да се наводнуваат стеблата на јаболката. Отповеќе вода во плодот ја смалува способноста за чување на плодот.

Начини на чување на јаболката

наједноставен метод е оставање на плодовите во кутија, картонска кутија, корпа со два или три слоја меѓу кои има хартија. Ова е едноставен метод, но можноста за чување на јаболката на ваков начин е краткотрајна. Недостаток на овој метод е што трулењето на плодовите многу брзо се шири и проветрувањето на плодовите мора да се врши редовно и често.

Плодовите на јаболката можат поединечно да се завиткаат во хартија и да се ставаат во два до три реда.

Модификација на овој метод е чување на плодовите во песок во кој се додава малку пепел. На дното на кутијата треба да се тури песок во слој дебел три сантиметри. Се редат јаболката, но така што плодовите да не се допираат плодовите меѓусебно. Наредените плодови потребно е да се посипат со песок. На овај начин можиме да направиме два до три реда јаболка затрупани во песок.влажноста на песокот не смее да биди поголема од цетири посто. Поголема влажност можи да доведе до пропаѓање во складираните јаболка.

наместо песок можи да се користи и друг сув и растресит материјал- љушпи од хељда, пилевина, маховина, љушпи од кромид, слама. да се обрати внимание дека јаболката многу лесно впиваат мириси од околината и дека материјалите во кои ги затрупуваме јаболката можат да го променат мирисот на плодовите. Складирани на овај начин јаболката можат да се зачуваат до пролетта доколку условите во складот одговараат.

Јаболката можат да се чуваат во најлонвреќи со дупчиња за вентилација. Во текот на влажни денови во кесата ќе дојди до кондензација, а во текот на сув ден плодовите ќе ја апсорбираат влагата.

Не треба да се збаорави дека е потребно да се прегледаат складираните јаболка барем еднаш месечно. Плодовите кои имаат знаци на пропаѓање потребно е да се тргнат.

 

 

 

Тагови

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Back to top button
Close