Нова белгиска инвестиција доаѓа во Македонија за производство на соларни филмови
Компанијата ги разгледува општините Петровец и Илинден како можни опции за изградба на производствениот капацитет за производство на соларни филмови.
Нова белгиска инвестиција доаѓа во Македонија. Станува збор за белгиската компанија МСИЕ, која во првата фаза планира да вложи над пет милиони евра и да отвори околу 150 работни места.
Се очекува договорот да биде потпишан за околу еден месец. Компанијата ги разгледува општините Петровец и Илинден како можни опции за изградба на производствениот капацитет за производство на соларни филмови.
Новата инвестиција, како што најави министерот Крешник Бектеши, најверојатно ќе оди преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите.
Според директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Јован Деспотовски, на двата бизнис форума организирани во Брисел и Антверпен има интерес од белгиските компании кои особено се интересираат за достапноста на висококвалификуваната работна сила, усогласувањето на домашното законодавство со европското и за политичката стабилност во регионот.
„Очекувам дека по средбите во Белгија ќе имаме неколку компании со кои ќе ги продолжиме разговорите во наредните неколку месеци. Очекувам дека и презентираното позитивно искуство на ‘Ван Хол’ и ЕБЕЕ ќе поттикнеме интерес за дополнително вложување“, рече Деспотовски