вестиТоп вести

Слоу Фуд Македонија по петти пат учесник на фестивалот посветен на млекото во Италија

Слоу Фуд Македонија по петти пат учесник на Cheese, фестивалот посветен на млекото во сите негови форми и вкусови кој се одржа 20-23 септември во Бра, Италија во седиштето на организацијата Слоу Фуд. Мотото оваа година беше „природно е возможно“. Овојпат застапеноста на Македонија во програмата на настанот беше во рамки на програмата на Слоу Фуд фондацијата за биодиверзитет и нивното „Аперитиво во 5 попладне“, во „Куќата на биодиверзитетот“ со дегустација на македонски сирења. На ова издание Слоу Фуд Македонија го презентираше „Жолтото сирење“ на: Мартин Трајковски, „Старото огниште“, с.Петралица, Крива Паланка (од овчо млеко)и   Давид Неделковски, „Кози, млеко, планина“, с.Раштак, Скопска Црна Гора (од козјо млеко).

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close