fbpx
ВестиТоп вести

Бабовски: Исплатени 137,3 милиони денари за јаболкарите кои јаболките од реколата 2018 ги предале кај регистриран откупувач

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на сметките на 1.566 субјекти исплати вкупно 137,3 милиони денари за мерката „Директни плаќања за произведено и предадено јаболко кај регистриран откупувач.“

Висината на поддршката за оваа мерка изнесува 3 денари по килограм предадено јаболко. Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат остварено производство на јаболка од реколта 2018 година и истите произведеното јаболко во период од 12 октомври 2018 година до 25- ти јуни 2019 година ги предале кај регистриран откупувач.

„Оваа Влада од почеток на мандатот до денеска, на сите кои исполнуваат услови за добивање на финансиска поддршка во земјоделството, исплати вкупно 20,146,718,690.00 или 327,5 милиони евра на име субвенции“ рече Бабовски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close