6000 единки подмладок од крап и пастрмка, денеска беа пуштени во водите на Акумулацијата Стрежево
Со акцијата се овозможува одржување и зголемување на популацијата на риби, спречување на еколошки проблеми и зачувување на биодиверзитетот, по примерот на европските земји.
1000 единки подмладок од крап и 5000 единки подмладок од пастрмка денеска беа пуштени во акумулацијата Стрежево. Порибувањето е дел од активностите за зголемување на популацијата на риби.
На порибувањето покрај новинарски екипи, присуствуваа Министерот за земјоделие Трајан Димковски, градоначалничката Наташа Петровска и директорот на ЈП Стрежево, Методија Граматковски.
Со водите од Акумулацијата Стрежево се наводнуваат околу 5000 хектари обработливо земјоделско земјиште, се снабдува со сирова вода системот за водоснабдување на градот Битола и околните населби и се произведува електрична енергија од четири мали хидроцентрали. Акумулацијата Стрежево како дел од овој хидросистем, претставува рекреативна зона каде во убавата природа уживаат жителите на околните места, но и спортските риболовци.
Концесијата за управување со водите на ова езеро од минатата година е во надлежност на ЈП Стрежево и тие во досегашниов период ја оправдаа довербата и успешно се грижат за зачувување на рибниот фонд, управување и стопанисување со акумулацијата Стрежево во целост.
Со денешната акција се овозможува одржување и зголемување на популацијата на риби, спречување на еколошки проблеми и зачувување на биодиверзитетот, по примерот на европските земји.