fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Здравковски до власта: Немојте да се фалите многу со тие 80 денари субвенција за тутун, затоа што ем не се откупува според реалното класифицирање, ем доцнат субвенциите

Здравковски додаде дека  регулирана е исплатата на субвенциите и регулирани се сите оние земјоделски начини на помош со законски норми и досега. И сега ова воопшто не треба да го изземе извршувањето на постоечкиот закон.

Игор Здравковски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната собраниска седница

„На 22.05.2022 во крушевско протестираа тутунарите за субвенциите и тука вие ќе кажете како што претходно кажа еден колега дека за прва класа било 80 денари субвенцијата. Да, е 80 денари, меѓутоа но само еден и пол процент од откупениот тутун е проценет прва класа. Сите останати количина на тутун кои што се откупени или 98,5% се трета и надолни класи. Така што немојте да се фалите многу со тие 80 денари субвенција, затоа што ем не се откупува според реалното класифицирање, ем доцнат субвенциите“, нагласи Здравковски.

Здравковски додаде дека  регулирана е исплатата на субвенциите и регулирани се сите оние земјоделски начини на помош со законски норми и досега. И сега ова воопшто не треба да го изземе извршувањето на постоечкиот закон.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close