Вести
Невреме со град уништи овошни садници во Штипско
Невремето што во саботата го зафати штипскиот дел на Овчеполието и беше проследено со полчасовен град, ги уништи младите фиданки, лозови и овошни насади. Со град беа погодени сите приградски населби во Штип, населбите Баби, Балканска, Железничка и Три Чешми.
“Тоа што остана на овошните и на лозовите насади сега го докрајчи градот. Целото поле беше бело од град и се што имаше зелен цвет го уништи”, вели Горан Зарков, кој има овошен насад во населбата Железничка во Штип.