Во рамки на традиционалната манифестација „Духовден Праскобер“, која викендов се одржа во Росоман, во Тиквешкиот Регион турски бизнисмени дојдоа да посетат неколку винарници.
Тие се заинтересирани за извоз на тиквешко вино во Турција и, во рамки на посетата, ги разгледуваа можностите за соработка.
Фикрет Чам, кој е поранешен градоначалник на Јеникен, општина збратимена со Росоман, ја предводеше делегацијата.