Соопштение : Грчкиот граничен премин ,,Ники“ – ,,Меџитлија” ќе биде затворен за патнички и товарен сообраќај
Државниот инспекторат за земјоделство согласно Соопштениот на ден 22 јули 2020 од страна на Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничната служба на граничниот премин „Меџитлија“ од страна на грчката гранична служба од граничниот премин ,,Ники“ , а во врска со новите протоколи на грчката влада за рестриктивни мерки за ковид-19, доставено е известување дека грчкиот граничен премин ,,Ники“ ќе биде затворен за патнички и товарен сообраќај во периодот од 22.07 (среда) од 00.00 часот до 04.08.2020 (вторник).
Сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција во наведениот период, тоа ќе може да го остварат на грчкиот граничен премин ,,Евзони“.
Дежурен Фитосанитарен инспектор за издавање на фитосанитарни сертификати и преглед на пратки за увоз, извоз, реекспорт и транзите ќе биде инспекторот Љупчо Манески и истиот можете да го контактирате на следниов мобилен број 071/411 – 856, или електронски преку следнава Е – адреса : ljupco.maneski@diz.gov.mk.