fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Собранието го донесе Законот за заем од Светска банка за модернизација на земјоделството

Собранието на денешната 18. седница го донесе Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по договорот за заем за финансирање на Проектот за модернизација на земјоделството.

Собранието на денешната 18. седница го донесе Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по договорот за заем за финансирање на Проектот за модернизација на земјоделството.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Здравко Трајанов рече дека за овој проект, земјава ќе се задолжи за 46 милиони евра, што според него, се огромни пари, а земјоделците, како што рече, нема да видат никаков бенефит.

– За законот официјални податоци каде ќе се трошат парите во законското решение нема. Тоа остава простор на законодавецот како сака да ги троши овие пари. Ваквото законско решение е контроверзно и буди сомнеж. Ненудење решение, земање кредити и незнаење каде парите ќе завршат, вели Трајанов.

Бети Рабаџиевска Наумовска, пратеничка од СДСМ, рече дека овој Закон е уште еден доказ за успешната политика на актуелната власт. Проектот за модернизација на земјоделството за кој се овозможуваат средства од Светска банка, како што рече, опфаќа неколку сегменти меѓу кои и решавање на проблемот со пласманот на земјоделските производи и изградба на откупно дистрибутивни центри Ресен, Струмица, Скопје.

Пратениците го изгласаа и Закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, по скратена постапка. Пратеничката група на ДОМ не даде поддршка за овој Закон, бидејќи, како што рече во своето излагање пратеничката од оваа партија, Маја Морачанин, со продолжување на овие рокови се праќа индиректна порака до граѓаните дека може да градат на диво без да имаат градежна дозвола и понатамошно во некој момент ќе им бидат овозможени услови да ги легализираат своите дивоградби.

Собранието во продолжението на 34. седница го даде предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти на второ читање.

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close