Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Почна откупот на тутунот во „Кавекс Балкан“, тутунарите разочарани од просечната цена
Во најголем дел од компаниите откупот на тутунот се уште не е почнат
Почна откупот на тутунот во неготинско, во откупната компанија „Кавекс Балкан“, а тутунарите споделуваат на социјалните мрежи дека се незадоволни од просечната цена која е иста како ланската година. Тутунари велат дека во просек тутунот им се откупува за 150 денари од килограм. Објавувањето на белешката на социјалните мрежи предизвика револт кај тутунарите, па и сомнеж дека и оваа реколта ќе им се откупува по пониски цени од реалните иако квалитето на тутунот е далеку подобар од ланската година. Останатите откупни компании се уште не започнале со откуп на тутунот.