fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Васко Јосифовски-Час поскоро да се исплатат субвенциите на тутунарите и да бидат 90 денари за кг за сите класи

Јосифовски со апел до министрите за земјоделие и финансии.

Земјоделецот Васко Јосифовски, еден од основачите на новоформираните тутунски здруженија од Пелагонија „Тутунска надеж“ упати јавен повик до МЗШВ и Министерството за финансии, субвенциите на тутунарите да бидат час поскоро исплатени и за секој предаден килограм тутун да се исплати субвенција од 90 денари без оглед на класата.

 

Во име на тутунарите до министрите за земјоделие и финансии го упатувам овој
ЈАВЕН АПЕЛ
Почитувани министри, Вие подобро од мене ја знаете лошата финансиска состојба на тутунарите иако јас подобро од вас ја чувствувам.
Добро знаете дека тутунарите, како и сите други земјоделци, се во безнадежен безизлез и им е потребна итна помош.
Затоа вака, јавно, ви се обраќам и ве замолувам што побрзо, по можност веднаш, да преземете активности за исплата на тутунските субвенции. При тоа, бидејќи поради драстично намаленото производство, во буџетот остануваат доволно од предвидените пари, субвенциите да бидат зголемини на 90 денари за секој предаден килограм без оглед на класите.
Воедно, посебно би го замолил министерот за земјоделие Љупчо Николовски, да излезе со свое соопштение и да ни каже кои се цените по класи во договорите кои за нас, најзасегнатите, се држат во најстрога тајност, стои во апелот на Васко ЈосиФовски.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close