Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Николовски стана почесен член на здружението „Тиквешки семејни винарии“
Денес имаме регистрирано 70 мали винарии со капацитет до 50 000 литри.
Благодарам за укажаната чест, и за оваа Благодарница што денес ја добив со што станувам почесен член на здружението Тиквешки семејни винарии. Работевме многу, работевме заеднички и напорно за да ја постигнеме нашата цел. Ги слушнавме барањата на вино производителите и во време на криза, доделивме грантови до 10.000 евра за набавка на опрема и модернизација на производството, напиша министерот Љупчо Николовски на Фб.
-Пред 3 години кога одлучивме да го измениме Законот за вино, имавме за цел да им помогнеме на малите семејни винарии да можат да го зголемат производство и да можат легално да го продаваат виното произведено во домашни капацитети. Уште тогаш знаевме дека носиме мерка која ќе даде одлични резултати.
Денес имаме регистрирано 70 мали винарии со капацитет до 50 000 литри. Ова се рекордни бројки! Ова е наш заеднички успех на кој сум многу горд! Многуте нови брендови, нови вкусови на вина и богатство од ароми произведени од нашето македонско грозје, денеска ја исполнуваат и збогатуваат македонската винска карта, вели Николовски.