fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Од земја со највкусна храна дојдовме на дереџе да јадеме „тетовско“ гравче од Аргентина

Драстичниот пад на откупот и продажбата на земјоделските производи во првото тримесечје од годинава само е резултат на актуелните состојби во земјоделството, коментираат земјоделците и опозицијата.

Драстичниот пад на откупот и продажбата на земјоделските производи во првото тримесечје од годинава само е резултат на актуелните состојби во земјоделството, коментираат земјоделците и опозицијата.

Државниот завод за статистика вчера објави дека во првите три месеци од годинава споредено со истиот период лани откупот и продажбата на земјоделски производи се намалени за 35,3%. Притоа кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 58,7%, додека кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство e забележано зголемување за 21%. Значително намалување е забележано кај полјоделството, рибата и другите производи, а кај останатите производи е забележано зголемување.

Ристо Велков од Сојузот на земјоделци од Струмичко вели дека ваквите резултати само го потврдуваат она што земјоделците со години го кажуваат.

– Земјоделското производство се соочува со високи трошоци, а многу ниски откупни цени на производот што го чинат производството недоходовно. Дополнително и климатските промени земаат данок на земјоделското производство. Сето тоа влијае сѐ помалку од површините да бидат засадени со раноградинарски култури, бидејќи земјоделците не можат да се справат со трошоците. Репроматеријалите се скапи, а со цената што ја добиваат не можат да опстанат. Младите се иселија, а на нивните работат стари земјоделци кои полека се откажуваат од производството – вели Велков.

Тој вели дека поради проблемите со откупот на производите сѐ побројни се земјоделците кои се обидуваат да го продадат својот производ сами на пазарите. Истовремено и самите граѓани се насочуваат кон купување поголеми количини храна од ним познати производители. Така се сигурни дека не јадат „тетовско“ гравче од Аргентина.

И претседателот на комисијата за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски вели дека актуелните состојби во земјоделството се отсликуваат во податоците на Државниот завод на статистика.

– Отсуството на менаџирање на откупот во последните години и манипулациите што ги прават откупувачите, прават земјоделците сѐ помалку да произведуваат или да се обидуваат самите да го пласираат производството како знаат и умеат. Низ земјата сѐ повеќе можат да се видат ниви кои не се обработуваат. Земјава наредните години може да се соочи и со недостиг на храна и целосен увоз на земјоделски производи – вели Трипуновски.

Според него, земјоделците се обидуваат ниската откупна цена на производите да ја заменат со тоа што самите ќе се обидат да го пласираат производството, не само во земјата на зелените пазари, туку во странство.

– Да ја земеме пченицата за пример. Очекувањата се дека ќе имаме годинава зголемено производство, а откупната цена нема да ја достигне ланската, бидејќи мелничарите и државните стокови резерви се наполнија со увозно брашно. Се очекува мелничарите да речат дека немаат потреба од откуп на новата реколта. Тоа што ќе значи за земјоделците, дека ќе треба да ја предадат за ниска откупна цена пченицата или да се откажат од производство веќе наредната година. Според тоа, ако не се преземе нешто следната година може да имаме недостиг на оваа култура и на други поради отсуството на соодветна откупна политика – вели тој.https://plusinfo.mk/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close