fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Оризопроизводителите се подготвуваат за протест ако не им бидат исплатени субвенциите

Си ги бараат субвенциите и за зелената нафта.

Почнаа подготовките за сеидба на оризот во кочанскиот регион. Оризопроизводителите ги бараат субвенциите и за зелената нафта. Со цел да вложат во производството. Најавија дека до крајот на месец ќе одлучат и дали ќе излезат на протести.

Оризовата арпа се откупува од 37 до 38 денари за килограм. Од Националната мрежа на земјоделци велат дека доколку откупната цена  паѓа и е под производната, во тој случај голем дел од оризопроизводителите ќе размислат дали ќе почнат со обработување на површините.

Земјоделците од Националната мрежа и понатаму бараат загарантиран откуп и откупна цена на земјоделските производи, а оризот да се прогласи за стратешка култура.

Викторија Јованова

Преземено од Телма https://telma.com.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close