Агро – метео: Битола најстудено

И денеска и утре ќе биде студено, со ниска утринска температура. Потопло ќе биде в четврток кога се очекуваат 18 степени целзиусови во југоисточните делови од земјата.

Најстуден град, изутрината беше Битола со минус осум степени. Минус шест се измерени во Маврово и Лазарополе, минус пет во Крушево, минус четири во Крива Паланка, Охрид и Берово, минус три во Претор и Прилеп, минус два Ѓуриште, Пожаране, Тополчани, Тетово и Струмица, минус еден во Куманово и Демир Капија, а нула степени во Штип, Скопје, Гевгелија и Виница.

Времето низ Македонија утрово е сончево и студено со мала облачност во западните делови. Понекаде дува слаб променлив ветер.

Share Button