Анализите на месо треба да бидат редовна практика, а не само за празници

 

Зимскиот период е исполнет со голем број празници. Централно место имаат новогодишните, но не се и последни. Трпези богати со најразлична храна и се разбира многу месо и пијалок. Нутриционистите  излегуваат со најразлични совети за храна која ќе ни го заштити здравјето, но какви и да се советите за да се постигне тоа,потребни се здрави намирници. Често се поставува прашањето за потеклото на месото и дали е безбедно за консумирање?

Дали набавката е направена од тестирана одгледувачница/кланица или од некој производител во домашни несоодветни услови? Самата појава на таквите „диви“ одгледувачи го носи ризикот на ширење на смртоносни болести како што беше неодамна  трихинелата во свинското месо.

Како што информираа од АХВ ( Агенција за храна и ветеринарство) утврдено е присуство на трихинела   во Радовиш, Кривопаланечко, Валандово, Битола и Струмичко.

Дали некоја состојка во храната или намирница е здрава може да се покаже само со лабораториска анализа.

Во двете ловни сезони 2017/2018 и 2018/2019 лабораториски се испитани 594 примероци од диви свињи од кои 13 се позитивни – информираат од агенцијата.

Како резултат на ова тврдење Проанализ Лабораторија апелира до сите производители и продавачи на свинско месо, задолжително да прават анализи на месото со цел спречување на ширење на болести како и заштита на самиот потрошувач. Проанализ Лабораторија врши микробиолошка анализа на готов производ и анализа на трихинела во сурово месо. Анализите во  лабораторијата  се прават со меѓународни методи за откривање на трихинела во  месо, што е од големо значење за здравјето на луѓето. Мострите за лабораториска анализа на свинско месо се земаат од страна на  стручен кадар, на лице место при што се земаат  мостри од месото, брис од површина каде што се изложува и вода од славините. Со ваквите анализи и производителите и потрошувачите се сигурни во безбедноста на производот, во случајот , месото.

Никола е сопственик на кланица и потврдува колку му е битна лабораториската анализа на месото.

„ Јас сум многу задоволен од соработката со Проанализ Лабораторија, бидејќи нивниот тим работи строго професионално според прописите утврдени од АХВ, при што идат на лице место земаат мостри од месото. Сакам да ви кажам дека нивните анализи се темелни и навремени, со тоа што никогаш не чувствувам грижа на совест при самата продажба“, вели тој.

На прашањето дали според него треба и ситните производители на месо кои најчесто произведуваат за домашни потреби да прават анализи, вели дека секој треба тоа да го прави не само за себе, за своја сигурност, туку и за безбедност на потрошувачите.

„ Ги охрабрувам сите производители на месо, па и оние кои одгледуваат за домашни услови да вршат редовни анализи на месото во Проанализ Лабораторија која нуди најповолни услови, што може секој еден да си ги дозволи. Анализата треба да стане практика, а не само за празници“, вели Никола.

З.Б.

 

Share Button