fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Сончево со умерена облачност и температури до 29 степени

Утринските температури ќе бидат од 4 до 14 Целзиусови степени, а попладне од 20 до 29 Целзиусови степени.

Времето денеска во најголем дел од земјата ќе биде сончево со умерена облачност. Во одредени делови од земјата облачноста повремено ќе се зголемува, а попладне во западните делови и во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринските температури ќе бидат од 4 до 14 Целзиусови степени, а попладне од 20 до 29 Целзиусови степени.

Во Скопје, времето денеска, ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Наутро температурата ќе биде 11, а во текот на денот ќе се искачи до 27 Целзиусови степени.

Утре, според прогнозите на УХМР, времето ќе биде сончево со умерена облачност. Во југоисточните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. Во Скопје, исто така, ќе биде сончево со умерена облачност. Најавите на УХМР се дека температурите утре наутро ќе бидат од 4 до 13 Целзиусови степени, а во текот на денот од 17 до 26 Целзиусови степени.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close