fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Картичките за зелена нафта стасаа во Битола

Земјоделците кои имаат право да ја користат финансиската помош од оваа мерка од петок 07 октомври 2022 година секој работен ден ќе можат да си ги подигнат своите картички во просториите на подрачната единица во Битола.

Почитувани земјоделци,
Картичките за зелена нафта се пристигнати во подрачната единица на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство во Битола.
Земјоделците кои имаат право да ја користат финансиската помош од оваа мерка од петок 07 октомври 2022 година секој работен ден ќе можат да си ги подигнат своите картички во просториите на подрачната единица во Битола.
Финансиската поддршка на картичката за нафта зависи од големината на површините и земјоделските култури за кои аплицирале земјоделците за субвенции во 2021 година.
За пченица, јачмен, пченка, ‘рж, овес, ориз, тритикале, хељда, сирак и просо поддршката изнесува 1.413 денари по хектар.
За хмељ, лен, леќа, кикирики, соја, сончоглед, маслодајна репка, добиточна репка, афион, шеќерна репка, памук, граор, еспарзета, добиточен грашок и наут (слануток) и луцерка поддршката изнесува 2.119 денари по хектар.
За домати, пипер, лубеница, диња, тиква, грав, боранија, грашок, рукола, компир, краставици, корнишони, зелка, кељ, кромид, лук, праз, тиквички, зелена салата, брокула, спанаќ, карфиол, модар патлиџан, морков, целер, цвекло, пашканат, аспарагус, ротквици, цвеќе, култивирани лековити, ароматични и зачински растенија како и за лозови насади поддршката изнесува 4.238 денатри по хектар.
За јаболко, круша, слива, праска, вишна, кајсија, цреша, јагода на отворено, малина, капина и боровинка поддршката изнесува 5.273 денари по хектар.
За дуња, мушмула, актинидија, маслинка, калинка, јапонско јаболко, смоква, аронија, шип, рибизла, гоџи бери, бадем и лешник поддршката изнесува 3.766 денари по хектар
За ореви и питоми костени поддршката изнесува 2.636 денари по хектар.
Со оваа мерка во овој момент во Пелагонискиот регион од трите општини – Битола, Могила и Новаци корисници се над 3 500 земјоделци.
Нема опис за фотографијата.
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close