fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Автомобил на ЈП Национални шуми удрил во паркиран трактор, повредени двајца

Македонски Брод

На 04.04.2022 во 10.45 часот во СВР Битола било пријавено дека во Македонски Брод, на место викано ,,Турски пат“,  атар на с.Требино, патничко моторно возило „лада нива“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на ЈП Национални шуми од Македонски Брод, а управувано од Д.С.(44) од Македонски Брод, удрило во приколка од паркиран трактор, информираат од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил сопатникот С.Т.(58) од Македонски Брод констатирани во Општата болница во Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од Македонски Брод.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close