Публикација за оданочувањето на доходот од продажба на сопствени земјоделски производи

Управата за јавни приходи објави публикација за оданочувањето на доходот од продажба на сопствени земјоделски производи. Оваа публикација треба да ги информира граѓаните кои како физички лица остваруваат доход од продажба на сопствени земјоделски производи.

Преку брошурата граѓаните ќе дознаат повеќе за тоа: што се подразбира под доход од продажба на сопствени земјоделски производи; кој е обврзник на данокот на доход; како да се пријави доходот од продажба на сопствени земјоделски производи; како УЈП ја утврдува даночната основа за пресметка на данокот за доходот од продажба на сопствени земјоделски производи; кога треба да се плати данокот и кои други обврски ги имаат даночните обврзници.

Претходно, УЈП објави публикација за оданочувањето на капиталната добивка од продажба на недвижен имот, за оданочувањето на доходот од закуп и подзакуп и за оданочувањето на приходи остварени од вршење самостојна дејност. Публикацијата може да се преземе на следниот линк.

Публикација за оданочувањето на капитална добивка од продажба на недвижен имот

Публикација за оданочувањето на доход од закуп и подзакуп

Публикација за оданочувањето на приходи остварени од вршење самостојна дејност

 


 

akademik.mk

Share Button