fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Битиќи: Ќе се увезуваат работници од странство, првично од Западен Балкан

Македонската економија ќе се раздвижува со увоз на работници од странство.

Македонската економија ќе се раздвижува со увоз на работници од странство. Пазарот ќе се либерализира, но дали целосно или таргетирано, сѐ уште е отворена дилема, вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Фокусот во старт, посочува Битиќи во интервју за Дојче веле, е регионот на Западен Балкан. Идејата е да се зголемат и годишните квоти, а ако има потреба и општа согласност, да се таргетираат и трети земји.

-Точно е дека се уште постои висока стапка на невработеност која изнесува 14 отсто и е со тренд да се намалува во наредниот период, но соочени сме и со сериозен одлив на кадар од државата. Овој тренд е присутен не само кај нас, туку во сите земји од Западен Балкан и се должи на она што се случува и во земјите од Европската унија, како Германија, Франција, Белгија, кои ги отвораат пазарите на труд, но исто така имаат и миграција на работници во трети земји, вели Битиќи.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close