fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Синдикалната „кошница“ за една година порасна за 5.500 денари

Најголемо зголемување има кај исхраната и пијалоците за 3,6% во однос на предхониот месец мај 2022 година, додека пак споредено со предходната 2021 година истиот месец зголемено е за 21,2%.

Сојузот на синдикати на Македонија објави дека за само една година вредноста на потрошувачката кошница пораснала за 5.498 денари. Растот во јуни 2022 во однос на јуни 2021 изнесува 16 отсто.

Според анализата на ССМ, зголемувањето на минималната синдикална кошничка расте поради енормниот пораст на цените. Најголемо зголемување има кај исхраната и пијалоците за 3,6% во однос на предхониот месец мај 2022 година, додека пак споредено со предходната 2021 година истиот месец зголемено е за 21,2%.

 

Синдикалната минимална кошница за месец јуни изнесува 39 710,00 ден. и од јануари 2022г ( 35 811.00 ден) е зголемена за 3 399,00 денари односно 9,49 %.

 

 

„Од месец во месец, драстично се зголемуваат трошоците за живот на едно четиричлено семејно домакинство, а платите не го следат истиот раст. Истото го покажува и самата пресметка на синдикалната минимална кошница што ССМ ја пресметува секој месец.

 

Затоа ССМ со право бара зголемување на платите на сите вработени како во јавниот така и во приватниот сектор и покрај евидентите противања на одредени субјекти кои се против зголемување на платите на работниците“, објави ССМ.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close