fbpx
ВестиМакедонијаСоветиТоп вести

ОДГЛЕДУВАЊЕ ПРОЛЕTЕН ДОБИТОЧЕН ГРАШАК

dobitok

Услови за одгледување : Пролетниот добиточен грашак  е едногодишно фуражно растение кое се одгледува за исхрана на добитокот. Грашакот никне на температура од 2-4°С,и температура на почвата 5 -6°С, а издржува ниски температури до -4°С. Најдобро се развива на 16-18 °С. Високи температури и сув воздух за време на цветање се одразуваат неповолно.

Агротехника на пролетен грашак :

Плодоред : Во плодоредот најчесто се одгледува после житни култури, сончоглед, пченка и др растенија а по грашакот се одгледуваат окопни култури затоа што ја оства почвата богата со азот и со разровкана структура.

Обработка на почвата : Основното орање треба да се изврши од есен при поволна влажност на почвата на длабочина од 25 см. Пред смата сеидба се врши танирање, дрлање при што површинскиот слој од почвата на длабочина од 8-10 см треба ситно да се обработи и добро да се изравни.          

Ѓубрење : Арското ѓубриво не се користи дирекно на посевот со грашак, најдобро е да биде внесено со претходната култура. Од минералните ѓубрива граорицата користи NPK (15:15:15) 250 kg/ha, така што  2/3 од ѓубривото се нанесува со длабокото орање а другиот дел 1/3 се употребува 2 недели пред сеидбата со пролетната обработка на почвата.

Сеидба : Зависно од условите сеидбата се изведува од 15.02-15.03 а во некои услови може и до крајот на март со количина од 150-300кг/ха семе на растојание 12-15 см длабочина 3-4 см. По сеидбата површината треба да се помине со валјак за семето побрзо да се навлажни и равномерно да никне. Најчесто се сее во смеска со рж, јачмен, овес или пченица. На 100 кг грашак се додава 15-20 кг семе од рж или 20-30 кг семе од овес за 1 ха површина.

Познати сорти :

НС Јуниор наменета е за комбинирана употреба за зелена крма и зрно.Достигнува висина 125-146 см. Се сее рано на пролет со 250 кг/ха семе. При поволни услови за развој дава 5 т/ха суво зрно. Приносот од зелена крма е 40-50т/ха со 16-18% сува материја. Зрното не мора термички да се обработува туку се мели и дирекно се користи за исхрана на добитокот.

МОРАВАЦ – оваа сорта е за производство на зрно. Растенијата достигнуваат висина од 60-80 см. Се сее рано на пролет со 250 кг/ха семе. Просечен принос 3,5-4,6 т/ха зрно.

ЈЕЗЕРО – Наменета е за производство на зрно. Растението е високо 60-70 см,се сее со 200-230 кг/ха семе. Принос зрно е 4-4,5 т/ха Созревањето е изедначено и спаѓа во средно рани сорти.

Нега во вегетација:

За заштита од плевели се користат хербициди:

– Пулсар 40 1-1,2 л/ха во период 1-3 тролиста.

– Пивот 100Ц 0,8-1 л/ха пред сеидба или по никнење на грашакот во фаза прв тролист.

– Басагран форте 2л/ха по никнење во фаза 1-3 тролист, да не се меша со фосфорни инсектициди.

– Жупазон 3-4л/ха по никнење кога грашакот е висок 8-20см

– Фусилде супер 1-2 л/ха против едногодишни плевели и 2-4л/ха против повеќе годишни плевели

– хербициди на база на прометрин.

Инсектициди:

– Золоне 2-2,5л/ха против грашков црв

– Фастак, Талстар, Децис против лисни вошки и за сузбивање на грашков жижак доколку се појави.

Ако има опасност од пепелница се применува соодветен фунгицид.

Ако во пролет се јави сушен период има потреба од наводнување.

Искористување. Ако се одгледува како чист посев почнува да се користи за зелена крма или сено кога ги формира првите мешунки. Ако се одгледува во смеска треба да се внимава житната култура пред се ржта да не искласа зашто таквата зелена маса би ималалиш квалитет и стоката не би ја јадела. Со овесот такви проблеми нема зашто не прераснува брзо. Свежа смеска со рж може да се користи најдолго 8-10 дена а со овес 12-14 дена.

Ако се користи за силажа се коси подоцна зашто масата треба да содржи повеќе сува материја.Тоа е во време кога грашакот има оформено 2/3 од мешунките а искласаната житна култура е малку огрубена( за силажа тоа не смета).

Ако грашакот се користи рано за испаша или косење тој се регенерира па испаша може да се организира 2 пати.

Приноси: зелена маса 45-60 t/ha, сено 6-8 t/ha, зрно 3-5 т/ха.

 

 

Советник во АПРЗ Петар Трајковски

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close