fbpx
ВестиСовети

Снег и покривка од мраз: Заштита и опасност за зимските посеви

Снежната покривка им одговара на земјоделските култури. Таа на културите кои презимуваат им дава добра изолација, но варијацијата на дневните и ноќните температури, може да предизвика создавање на замрзната покривка – ледена кора, која пак претставува опасност за зимските насади.

Ниските температури на воздухот при земјиште без снежна покривка, во никој случај не може да им одговараат на земјоделските култури. Посебна штета им нанесуваат на зимските култури кои се посеани надвор од толерантните рокови за сеидба и кои не се подготвени за презимување.

Зошто снегот е добар за земјоделските култури?

Снегот е радост за земјоделците. Уште една важна причина поради која земјоделците во декември посакуваат снег е и тоа што снежниот покривач во голема мера ќе ја поправи залихата на зимската резерва на влага во земјиштето во сите производни подрачја.

Снегот е многу поволен за земјоделците и ќе го зачува се она што е посеано на полето. Исклучително е важно тоа што снежниот покривач ќе ги заштити оние култури кои не се посеани во оптималните агротехнички рокови.

Влагата во земјиштето во изминатиот период беше под 11%, што во некои краеви предизвика и сушење на изникнатите растенија. Дебелината на снежната покривка обезбедува влага во длабоките слоеви на земјата.

Можеме да заклучиме дека најзначајната корист од снегот во земјоделството е таа што тој претставува најважен извор на вода во текот на зимските месеци. Со топењето на снегот водата навлегува во длабоките слоеви на земјата и се создава неопходната предвегетациска резерва на вода во земјиштето.

Откако ќе падне, сеуште свежиот снег содржи помеѓу 90 и 95 % воздух, што го прави исклучително добар топлотен изолатор.

Снегот и младите растенија

Снегот во зимскиот период ги покрива зимските насади и ги заштитува од замрзнување. Кога нема снег пченицата замрзнува и на -10 степени, додека со снежна покривка зимската пченица може да издржи подолг временски период и на температура до -25 степени.

Но, снегот на младите растенија може да им нанесе и штети. На пример, влажниот снег може да предизвика механички оштетувања на нежните делови на растенијата. Долгото задржување на влажниот снег на посевите ги исцрпува зимските култури и може да предизвика снежни кругови кај зимските насади.

 Кора од мраз т.н ледена кора

Оваа кора може да настане и во текот на зимата, доколку дојде до постојано варирање помеѓу дневните и ноќните температури. Мразот може да биде многу опасен за младите растенија.

Кората од мраз може да се формира во вид на таканаречена лежечка или висечка кора. Под лежечката ледена кора, во зависност од нејзината дебелина, може да се насобере јаглерод диоксид.

На овој начин, се намалуваат резервите од кислород, така што може да дојде до сериозно оштетување на растенијата: растенијата може да се загушат.

Кога лежечката замрзната кора е збиена односно се наоѓа непосредно над зимските посеви, може да дојде до механичко оштетување на растенијата. Висечката ледена кора се создава на снежниот покривач и за растенијата е многу опасна. Сепак, таа лесно се крши. Висечката кора настанува кога помеѓу кората и површината на земјиштето се наоѓа дебел или тенок слој од снег. Доколку се случи дневните температури, после создавањето на висечката кора да порастат, сончевите зраци може да предизвикаат зголемување на температурите под мразот, што негативно влијае на растенијата.

Зголемената температура влијае на зголемена активност на растенијата и зголемено дишење, што доведува до намалување на залихата на кислород под кората. Поради оваа причина доаѓа до зголемување на потрошувачката на материите од чворот на бокорење. Се тоа влијае на состојбата на растенијата и нивното слабеење.

Со кршењето на кората од мраз се овозможува проток на ладниот воздух, а процесот на дишење на растенијата се враќа во нормална состојба.

Кршење на кората од мраз

Ледената кора се крши со газење со трактор или со тешки назабени валјаци. Користењето на тракторите за оваа цел може да предизвика дополнителни трошоци, затоа што при кршењето на ледената кора може да дојде до уништување на тракторските гуми. Од помош можат да бидат тракторите гасеничари.

Замрзнатата кора може да се растопи и со помош на тресет, зрело ѓубриво или компост. При ниски температури во текот на зимата, со дебела снежна покривка, обично не нанесува никаква штета.

 

 

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close